Изгореа два автомобили во Карпош

Рано утрово околу 03,00 часот во Скопје на ул.„Есперанто“ настанал пожар при што опожарени се две патничко возило „Митсубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице „Мел Макс БМ“ при што биле целосно опожарени, и патничко моторно возило „Тојота Корола“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Н.С., на кое му е опожарена десната страна на возилото и предниот браник.

Од страна на БППЗ пожарот е целосно локализиран. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.