понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 18

Изгореа две куќи во беровското Ромско маало

Пожарот е предизвикан од неисправан инсталација, бидејќи во домовите немало никој, а немало ни грејни тела кои би можеле да предизвикаат пожар.

Изгореа две куќи во беровското Ромско маало

Изгореа две куќи во беровското Ромско маало

Последни вести

Неисправна електрична инсталација е првичната проценка на беровските пожарникари за причините за пожарот кој вчера доцна попладне ги пеплоса двата објекта каде живееја семејствата на двајцата браќа Џавид и Саин, на улицата Балканска во Ромското маало во Берово.
Според командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Берово Димитар Букушовски, пожарот бил пријавен во 16 часот.
– Бидејќи се работи за два руинирани и импровизирани објекти за живеење, пожарот брзо се прошири, и иако ние со нашата интервенција, го локализиравме за еден час,  едниот објект изгоре целосно, а другиот делумно. Наша проценка е дека пожарот е предизвикан од неисправан инсталација, бидејќи во домовите немало никој, а немало ни грејни тела кои би можеле да предизвикаат пожар, рече Букушовски.
Семејствата на Реџеповиќ и на Саин Дибранов се социјално загрозени семејства и  живеат во ризик. Тие аплеираат за помош до сите хумани.

Најчитани вести