Изгореа две куќи во Прилеп, нема повредени

Две куќи изгореа изутринава во силен пожар на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, информираат од Прилепската противпожарна единица.

Според Станко Колески, командир на Противпожарната единица нема повредени, но причинета е огромна материјална штета.

 Пожарот е пријавен изутрина во 7:11 часот на улицата „Круме Волнароски“ број 29. Кога стигнале пожарникарите веќе горел покривот на куќата. Стихијата ја зафатила и соседната куќа. Пет возила со 16 пожарникари интервенираа и пожарот е ставен под контрола, но се уште е опасно жариште. Целосно изгореа горните катови на двете куќи со покривната конструкција. За среќа нема повредени, но причинета е огромна материјална штета. Во двете куќи живеат три фамилии, изјави Колески.

Во моментов противпожарни екипи, екипа на крим-техника од полицијата и од основното јавно обвинителство се на теренот и работат на откривање на причините за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.