Македонија,Крими хроника

Изгореa стан и поткровје во Кавадарци

Изгореa стан и поткровје во Кавадарци

Пожар зафати стан и поткровје од зграда изутринава околу 1 часот по поноќ во центарот на Кавадарци.

За среќа во пожарот нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се утврдуваат причините за пожарот.

Пожарот беше изгаснат и не се дозволи негово ширење на останатите станови од зградата.

– Гасевме до 5 часот утрово со две противпожарни возила и 4 пожарникари. Ни помогна и противпожарната единица на „Фени индустри“ со едно возило и двајца пожарникари, информира командирот на територијалната противпожарна единица, Илчо Богевски.