Изгорени три возила во Скопје

возила

Во 22:50 часот на бул.„8-ми Септември“ во Скопје опожарени биле „голф 2“ со скопски регистерски ознаки, кој бил целосно опожарен и „пасат“ со скопски регистерски ознаки сопственост на Н.Н. кој бил делумно опожарен. Увид ќе се врши во текот на денот.

Во 23:45 часот во с.Студеничани-скопско запалено било возило „опел вектра“ со скопски регистерски ознаки сопственост на А.Р. (32) од с.Студеничани кое од засега непознати причини било опожарено во предниот дел. Инаку сопственикот не барал да се врши увид.