Изградба на брана на Оризарска Река до јуни наредната година

Првата фаза од изградбата на брана на Оризарска Река се очекува да биде готова до крајот на годината, а во првата половина на наредната година да започне и изградбата на самата брана.

Станува збор за проект вреден 35 милиони евра со кој ќе се реши водоснабдувањето на повеќе населени места во општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево.

Како што пренесува МИА, за ова денеска во одговор нановинарско прашање по посетата на ОУ „Никола Петров Русински“ во населеното место Русиново, беровско, информираше претседателот на владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Првата фаза од изградбата на брана на Оризарска Река се очекува да биде готова до крајот на годината, а во првата половина на наредната година да започне и изградбата на самата брана.
Првата фаза од изградбата на брана на Оризарска Река се очекува да биде готова до крајот на годината, а во првата половина на наредната година да започне и изградбата на самата брана.

Тој прецизира дека првата фаза од изградбата на најавената брана на Оризарска Река, која е во тек и е започната минатата зима, претставува изградба на пристапен пат во тешко пристапен планински терен чија вредност изнесува три милиони евра, а треба да биде готов до крајот на декември годинава.

Очекуваме почетокот на изградбата на браната да биде во првата половина од идната година меѓу март и јуни. Таа ќе биде од голема помош бидејќи има неколку употребни вредности. Ќе го реши проблемот со водоснабдување на Кочани, на Виница, на Чешионово-Облешево и на други населени места и општини во околината каде живеат илјадници граѓани и ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделска површина што е од исклучително значење за луѓето што живеат во тој крај, изјави Груевски.

Како што рече, тоа ќе биде сериозен поттик за земјоделството и ќе отвори многу нови работни места за луѓе што се занимаваат со земјоделство,

Груевски нагласи дека очекува оваа брана на Оризарска Река по отпочнувањето со изградба да биде завршена и пуштена во употреба за три до четири години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.