сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Изградба на 140 градинки ќе стимулира поголем економски раст

Сите параметри покажуваат дека градежништвото и во иднина ќе биде двигател на економскиот раст во Македонија.

robert-hot-640x360

Последни вести

Сите проекти кои директно се поврзани со градежништвото, позитивно се одразуваат врз градежниот сектор, смета Роберт Хот, претседател на градежна комора при Сојузот на стопанските комори.

Зборувајќи за новиот најавен проект за изградба на  140 нови градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови објекти, а 40 пренаменети и реновирани, Хот вели дека тоа е навистина ќе се одрази позитивно за градежните компании.

-Сето тоа е голем градежен зафат во повеќе региони на нашата држава во кој ќе се вклучат голем број на компании и ќе се ангажираат голем број на работници, додава Хот.

Сите параметри, додава тој, покажуваат дека градежништвото и во иднина ќе биде двигател на економскиот раст во Македонија.

-Последниот квартал покажува 33% раст во градежниот сектор, но вакви нови мега проекти каде што директно е вклучено градежништвото придонесуваат за уште поголем раст и сме повеќе од сигурни дека и во идниот период градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст, заклучува Хот.

Најчитани вести