Изградба на дактилни патеки во Центар, бараат советниците од ВМРО ДПМНЕ

Советниците од ВМРО ДПМНЕ во општина Центар на денешната седница побараа да се изградат дактилни патеки за слепите лица.

Како што објасни советничката Даниела Рангелова, со оваа мерка ќе биде олеснето движењето на слепите лица.

Ваквото барање првично стигна од Сојузот на слепи лица, па советниците од владејачката партија им излегоа во пресрет.

Тие побараа од градоначалникот на Центар, оваа точка да биде додадена во дневниот ред на општинскиот совет.

Во предлогот на Рангелова е наведено дека вакви дактилни патеки треба да се изградат кај „Рајко Жинзифов“, „Иван Милутиновиќ“ и „Костурски херои“. Вакви патеки ќе го олеснат секојдневието на лицата со оштетен вид.