Изградба на повеќе фабрики во најава, нови 10.000 вработувања

Во наредниот период ќе почне изгрaдбата на фабрики во кои ќе работат десетина илјади работници на територијата на цела Македонија.

Во скопски Бунарџик ќе гради турската компанија Менсан Аутомотив која во моментов ја бира градежната фирма. Се работи за компанија од автомобилскиот сектор која ќе вработи 100 лица, а инвестицијата тежи 10 милиони евра, пренесува Економски.мк.

Договорите за инвестицијата на Монтанте груп се пред потпишување. Италјанска компанија која произведува делови за возови, во Бунарџик ќе вработи 400 лица, а ќе инвестира 10 милиони евра

Во Штип почнати се подготовките за градба на фабриката Кондево. Италјанците ќе инвестираат 40 милиони евра 250 работници ќе работат на производство на греачи за бојлери.

Гентерм во Прилеп ја избра градежаната компанија и распиша оглас за вработување на стотина работници. Во фабриката вредна 20 милиони евра ќе се произведуваат греачи за автомобилски седишта, а за три години ќе бидат вработени 1000 работници.

ОДВ Електрик, германска компанија од автомобилската индустрија, во Македонија ќе произведува жичани инсталации заавтомобилската индустрија. Планираната инвестиција во ТИРЗ Струга изнесува 15 милиони евра, и вкупен број на планирани работни места до 1000.

„Дирекцијата за техонолошко-индустриски развојни зони интензивно работи на инфраструктурата за овие компании да можат да почнат со изгрдба на своите капацитети. Се чини веројатно дека во текот на летото ќе имаме добра динамика на раелизација на овие инветсиции. Истовремено, голем дел од нив веќе почнаа со производство во браунфилд објекти и имаат вработено повеќе работници“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, пренесе Економски.мк.

Некои од инвеститорите веќе работат во браунфилд капацитети

Целиот текст прочитајте го на Економски.мк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.