Интензивирана изградбата на новата полициска станица во Ѓорче Петров

Интензивирана изградбата на новата полициска станица во Ѓорче Петров
Интензивирана изградбата на новата полициска станица во Ѓорче Петров

Интензивно се гради на новата полициска станица во општината Ѓорче Петров, која според предвидениот план треба да биде готова до крајот на 2015 година.

За оваа полициска станица ќе бидат на располагање сутерен и три ката
За оваа полициска станица ќе бидат на располагање сутерен и три ката

За оваа полициска станица ќе бидат на располагање сутерен и три ката, односно 855 м2 нето корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден.

За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 м2 што во целост ќе ги задоволи потребите на единица која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 м2 кои ни од далеку не ги задоволуваат потребите на вработените.

Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година а бараките во кои сега функционира оваа полициска станица се изградено 1963 година. Со новите работни простории припадниците на ѓорчепетровската полициска станица и противпoжарна  ќе имаат одлични и современи услови за работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.