Со изградбата на 140 нови детски градинки ќе се згрижат 18.000 деца

Новиот мега проект за изградба на 140 нови детски градинки кој ќе обезбеди згрижување на 18.000 деца што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска доби поддршка и од Здружението на социјални работници на Р. Македонија.

За претседателот на здружението Гоце Прцуловски овој проект дава осврт на семејството и негово правилно функционирање во склад си динамиката на живеење.

Прцуловски посочи дека со изградбата на повеќе детски градинки во државата ќе се создадат предуслови  за зголемување на бројот на склучени бракови и создавање на многудетни семејства.

-Грижата на родителите е голема за нивното дете биде згрижено, одгледувано од квалификуван кадар и квалитетно поминато време. Градинката е еден процес на социјализација кој претежно преовладува во урбаните средини, каде поради поголемиот број на промени во семејството и обврските на родителите се јавува потреба од поголем број на градинки. Градинките се поддршка за правилен раст и развој на децата и нивна социјализација и полесна адаптација при започнувањето на училишниот процес. Затоа е добро да се градата градинки и во руралните средини, рече  Прцуловски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.