Изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица стопирана поради незаинтересираност на Владата (ФОТО)

Поради незаинтересираност на новата влада и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е стопирана. Иако новиот автопат кој е во должина од 28 километри е речиси завршен, сепак новата влада и министерот го кочат целосното финиширање на овој голем инфраструктурен проект.

Изградбата на автопатот Демир Капија- Смоквица стопирана поради незаинтересираност на Владата и Сугарески

Поради незаинтересираност на новата влада и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е стопирана. Иако новиот автопат кој е во должина од 28 километри е речиси завршен, сепак новата влада и министерот го кочат целосното финиширање на овој голем инфраструктурен проект.

За автопатот целосно да биде завршен, потребна е уште дислокација на електричен столб, работа која доколку се има волја може да биде завршена за 2 дена, додека втората банална причина е одобрение за градба на диспечерски центар на страната на Валандово. Министерот Сугарески од почетокот на својот мандат до сега нема издадено ниту едно одобрение за градба.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски при неговиот последен увид во изградбата на автопатот на 23-ти мај истакна дека градежниот дел е целосно завршен и дека остануваат уште електрификацијата и дислоцирање на далновод. Сепак, новата влада и министерот Сугарески го кочат финиширањето на овој капитален проект, неможејќи да отстранат два банални проблема за да биде завршен.

Со изградбата на овој автопат, патувањето од Гевгелија до Демир Капија е скратено од 40 на 15 минути.

„Ова е од извонредно значење за сите наши граѓани кои патуваат на оваа делница, но и за туристите вклучувајќи ги и транзитните кои во минатото патуваат низ прилично небезбеден тежок планински пат со многу кривини и небезбедни точки и скоро да немаше година во која немаше жртви на овој пат. Сега веќе имаме извонредно направен пат со високи најпрофесионални европски стандарди“, рече поранешниот премиер лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при последниот увид на автопатот.

Инвестицијата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица изнесува 218 милиони евра од кои 40 милиони се грант од ЕУ, а останатите се заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, шест милиони евра од државниот буџет.

Новиот автопат се протега од излезот на Демир Капија преку село Миравци до Смоквица каде што се поврзува со постојниот автопат. Има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника. Новата автопатска сообраќајница е широка 25,6 метри со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри. Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица почна во септември 2013 година. Со нејзиното завршување се заокружува целосното автопатско решение на Коридорот 10.