Изградбата на автопатот Охрид – Кичево стигна до влезот на Охрид

Градежните активности за изградбата на автопатот Охрид – Кичево течат со полна пареа во предвидената динамика.

Како што јавува „Канал 5“,  35 %  е завршена изградбата, а над 80% од  трасата е пробиена.  Оваа година комплетно ќе бидат асфалтирани 14 километри, а новиот современ пат  се очекува да  биде готов во 2018 година.

Најголемиот инвестициски проект од патната инфраструктура во земјава  автопатот од  Кичево до Охрид ќе биде долг 57 км  чини 370 милиони евра. На него  моментално работат 1.250 работници со  бројна механизација.

Станува збор за проект со илјадници луѓе односно градежни компании, работници, луѓе од надзорен одбор, архитекти проекатанти за граѓаните да добијат еден квалитетен европски пат, што ние сме фокусирани максимално кон тоа, изјави Владо Мисајлоски при неодамнешната  посетата на Охрид.

Изградбата на авотпатот со засилено темпо ќе продолжи и во текот на летната сезона, но при тоа ќе се запазат сите безбедносни мерки  за непречно одвивање на сообраќајот кон главниот туристички центар.