Изградбата на делницата Бошков Мост – Дебар ќе почне следната година

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратениците ќе го искористат правото за поставување пратенички прашања до претставниците од Владата и интитуциите во Република Македонија.

Седницата за пратенички прашања започна со читање на прашањата и добиените одговори од ресорните министерства и институции кои беа поставени писмено на  минатата седница на пратенички прашање.

Пратеникот Алим Билали од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го прочита писмено поставеното прашањето и одоговорот кој беше добиен од страна на Министерството за транспорт и врски. Билали праша кога би започнала реализацијата на инфраструктурните проекти за регионалните патни правци Бошков Мост – Дебар и Ново Село – Маврови Анови. На пратеникот му беше одговорено дека тендерската документација за делниците е испратена во Светска банка на одобрубање. Додека пак градежните работи на делницата Бошков Мост – Дебар се очекува да започнат во 2015 година, одговорија од Министерството за транспорт и врски.

Пратеничката Лилјана Кузмановска постави писмено прашање до Министерството за транспорт и врски кое се однесуваше за реализација на проектот за патен правец Горно Оризари – Крклино, село Кажани – Ѓавато. Минстерството за транспорт и врски одговори дека Општина Битола ја има доставено потребната документација за рехабилитација за локалните патишта за село Горно Оризари – село Крклино (прв дел) во должина од 1470 метри и за локалниот пат село Кажани – Ѓавато во должина од 2220 метри и истите треба да започнат со реализација во текот на 2015 година.

Писмено пратеничко прашање постави и пратеничката Ане Лашкоска која што нагласи дека е на барање на граѓаните од општина Кривогаштани, а се однесуваше на почеток на реализацијата на проектот за патот Кривогаштани – Обршани – Воѓани. На пратеничката од министерството и беше посочено дека овој пат е планирано да биде рехабилитиран преку средства обезбедени од Светска банка за кои во тек е изработка на проектна документација.

Пратеничката Светлана Јакимовска праша дали се планира проширување на патот кои се гради за проектот Сончев Град и веќе е пробиен со што би се помогнало на граѓаните од општина Сопиште така и на граѓаните од општина Кисела Вода. Од ресорното министерство беше одговорено дека во тој регион постојат три државни патишта од  кои делницата Сончев Град која ја поврзува општина Сопиште со Град Скопје, државниот пат кои започнува од сала Расадник, Горно Соње, Долно Соње и се спојува кај Говрчево со друг државен пат, како и државниот пат Драчево – Нова Брезница – Македонски Брод. Дополнително беше одговорено дека во моментот активно се работи на доизградба на регионалниот пат од Скопје до Сончев Град во должина од 4,4 км.

До Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поставено писмено прашање од страна на пратеничката Нада Ципушева, а се однесуваше на кои земјоделски култури се заштитени од природни катастрофи, каде земјоделците да се обратат за информации и дали државата субвенционира одреден процент со новата полиса за осгурување.  Од министерството беше одговорено дека дека за 2014 година се нуди осигурување за 2 култури, есенска пченица и јачмен , а во 2015 година ќе се зголеми портфолиото на култури кои ќе бидат опфатени. Исто така беше одговорено дека државата го субвенционира ова иновативно семјоделско осигурување на ист начин како и останатите индивидуални земјоделски осигурителни понуди односно 60% когинансирање на полисата за оние земјо9делци кои ги исполнуваат условите пропишани во Програмата за финансирање поддршка за семјоделството и руралниот развој.

Пратеникот Трајчо Димков постави прашање кое се однесување на мала брана Модар мост во близина на селото Крупиште, општина Карбинци која со поплавата од кинатата година беше уништена. Прашањето беше кога се планира изградба на нова брана на што беше одговорено дека Водостопанство „Брегалница“ – Ко0чани веќе започна со активности за санација која што зависи од временските прилики.

Министерството за образование и наука доби писмено прашање од пратеничката Нола Исмајловска во врска со изградбата на базен во Струга. Во врска со ова прашање беше одговорено дека Владата ја задолжила Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука со буџетот за 2015/2016 да предвидат финансиски средства за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за ставање во функција на базенот во Струга.

По завршувањето на читањето на прашањата кои што беа писмено поставени на минатата седница за пратенички прашања, пратениците започнаа со поставување на директни прашања до претставниците од Владата и институциите на денешната седница.