Изградбата на основото училиште во Капиштец се одвива според планираното

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска направи увид на градежните работи на основното училише кое се гради во Капиште. При тоа изрази задоволство од динамиката на градењето која оди според планот и се очекува во наредната учебна година да почне да се следи настава во него.

Поставен е темелот на објектот и на ред е првата плоча. Досега се вградени 70 тони арматура, 526 кубици бетон и направен е ископ од 2000 метри квадратни за собирање на подземните води. Десет бунари ќе ги исцрпуваат овие води. Монтирана е хоризонтална изолација и громобранска инсталација, наведуваат од Општина Центар.

– Петстотини деца од 6 до 15 годишна возраст наставата ќе ја следат во најмодерното училиште. Таканаречената „Школа – парк“ ќе има вкупна површина од 12.000 метри квадратни, со ботаничка градина, кабинети со најсовремена опрема, подно греење и со спортски објекти, рече градоначалникот Жерновски.

Изградбата на училиштето, кое е прво во оваа населба со 12.000 жители,  целосно ќе биде покриена од буџетот.