Изграден нов мост и асфалтирана улица во Кадино

Општина Илинден преку изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната улици и патишта продолжува со интензивното инвестирање во патната инфраструктура.

Во таа насока, во рамките на реализацијата на проектот „Изградба и реконструкција на 10 мостови“ (сообраќајни и пешачки) изграден е нов мост на улица „6“ во н.м.Кадино. Мостот долг 8 метри, со широчина од исто така 8 метри, од кои 6 метри е коловозна површина, и по 1 метар тротоари од двете страни, е изграден на местото на стариот и дотраен руиниран мост кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Истовремено се асфалтирани и пристапите кон мостот, како и локалниот пат што води кон црквата „Свети Илија“, во должина од 240 метри.

Asfaltiran most vo Kadino3

Со реализацијата на овој проект се придонесува за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, а и значително се олеснува движењето на граѓаните во овој дел од општината

Подобрувањето на патната инфраструктура, останува приоритет на Општина Илинден во насока на подобрување на условите за живот и животниот стандард на граѓаните во сите 12 населени места.