Изгребан скутер од инстант лозот „Смајли“

Инстант лозот Смајли е игра на среќа на Државна лотарија на Македонија во која вистински уживаат сите кои се млади во срцето. Со овој инстант лоз ја одбележавме 20-гошнината на емотиконот смајли и уметноста на графитите. Овој најмлад член во семејството на инстант лотаријата, Државна лотарија на Македонија го пласираше на 1-ви април 2011. Уште во првата седмица од продажба на лозот беше изгребан првиот скутер и тоа во Куманово.

DSC_1573

„Во текот на вчерашниот ден на штандот на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол, нашата екипа имаше прилика да се запознае и дружи со најновиот член кој уживаше во забавата, но и добивките во Инстант лотаријата Смајли. Скопјанецот Владимир Спасовски ги доби клучевите од својот нов скутер до кој стаса благодарение на СМАЈЛИ“, се вбели во соопштението.

Владимир тргнал во шопинг, сакал да си купи маица, но планот го изменил кога го видел штандот на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол. Си купил 6 различни Инстант лоза и започнал да ја тестира среќата. Посакувал добивка и тоа автомобил, но среќата одлучила да добие скутер кој сега ќе има прилика да го вози по скопскиот асфалт.

DSC_1586

Инстант лозот СМАЈЛИ чини 30,00 денари а нуди можност за освојување на еден од 35те скутер: SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!. За повеќе забава во играта вклучени се и помали добивки од 50 и 30 денари што го прават секој трети лоз добитен и ги зголемуваат шансите за побрзо доаѓање до посакуваниот скутер.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома.