„Изи Џет“ е првата компанија што си заминува од Британија

Британскиот нискобуџетен авиопревозник „Изи Џет“ почна преговори со регулаторните власти на ЕУ за разместување на седиштата на компанијата од Велика Британија, јавува Скај Њуз.

Базата на „Изи Џет“ е на аеродромот Гетвик во Лондон, додека седиштето на компанијата со 1.000 вработени е на другиот лондонски аеродром Лутон.

„Скај Њуз“ наведува дека извршната директорка на компанијата Керолин Меккол во приватната посета сигнализирала дека правното преместување на седиштето на авио-компанијата е речиси неизбежно со оглед на резултатот од британскиот референдум.

Конкретните потези се очекуваат, но извори блиски до компанијата наведуваат дека веќе имало прелиминарни разговори со неколкумина неименувани претставници на ЕУ членки за тоа „Изи Џет“ да добие сертификат за воздушен оператор, што би овозможил компанијата да го пресели седиштето во некои од тие земји.

Еден извор наведува дека преселувањето би можело да опфати само дел од персоналот во зависност од начинот на кој функционира воздухопловната регулатива на одредени земји на ЕУ.

Тоа би можело да значи дека досегашната корпоративна структура ќе биде изменета на тој начин што ќе постои независен ентитет во Обединетото Кралство од новосоздаденото правно седиште во ЕУ.

„Изи Џет“ вработува 1.000 лица во базата во Лутон што се занимаваат со финансии, ИКТ и маркетинг и кој би бил преселен, незав исно од персоналот што работи на аеродромот Бедфордшир кои и ќе останат таму.