недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

ИЗИИС: Земјотресот утрово е афтершок од земјотресот од лани

Со оглед на тоа што утринава имавме потрес со магнитуда од 4,2 по Рихтер од истото епицентрално подрачје како ланското што беше со магнитуда од 5,3 степени, јасно е дека се работи за афтершок, вели вели Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС.

garevski-naslovna-640x466

Последни вести

Земјотресот со интензитет од 4,2 степени кој рано утрово ги вознемири жителите на скопскиот регион е последица на ланскиот земјотрес од 11 септември кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

-Со оглед на тоа што утринава имавме потрес со магнитуда од 4,2 по Рихтер од истото епицентрално подрачје како  ланското што беше со магнитуда од 5,3 степени, јасно е дека се работи за афтершок од тој земјотрес, вели Гаревски и додава дека „кога би се работело за нов удар магнитудата би била поголема од 5,3 степени“.

Гаревски нагласува дека тоа што силата на земјотресот е помала укажува дека се работи за афтершок и тоа е вобичаено и покрај тоа што се поминати 9 месеци од главниот удар.

-Може да очекуваме уште земјотреси со мала јачина помеѓу 2 и 3 степени по Рихтер, кои не ги чувствуваме, но сосема се мали шансите да се повтори земјотресот од септември 2016 година. Иако нагласувам дека земјотресите не можат да се предвидат, ниту пак да се најават, вели директорот на ИЗИИС.

Најчитани вести