сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 43

Излегол од затвор по 39 години за убиство кое што тој тврди дека не го сторил

Маж од Јужна Каролина, кој лежел 39 години во затвор поради убиство, за кое одрекува дека го извршил, денеска е пуштен на слобода откако беше помилуван. 

убиство

Поврзани вести

„Хералд оф Рок Хилс“ пишува дека 61-годишниот Џејмс Роберт МекКлуркин е ослободен со кауција.

Полицијата и обвинителството на Јужна Каролина,  сега наведуваат дека тој не го убил 71-годишниот Клод Килиан во август 1973 година.

МекКлуркин и Реј Чарлз Деграфенријд биле осуден за убиство на Килиан во 1977 година врз основа на сведочењето на друг обвинет.

Минатиот месец локалниот шериф изјавил пред комисијата за помилување на Јужна Каролина, дека МекКлуркин е невин.

На 11 октомви била донесена одлуката, кој се исполни денеска, мажот да биде пуштен на слобода со кауција.

Тој се уште не е официјално прогласен за невин од страна на судот.

Деграфенријд е на психијастрискиот оддел во затворот,

МекКларкин изјави дека и тој треба да биде ослободен.

Најчитани вести