Излекувајте ги проширените вени по природен пат

Наберете невен (цветови, листови и стебленца) па ситно исечкајте ги. Ставете 500 грама квалитетна свинска маст во сад со средна големина и загрејте на најсилна температура. Кога маста е врела додадетет го исечканиот невен и оставете на оган да проврие, па промешајте и тргнете го од оган. Ставете капак на садот и оставете да преноќи на собна температура. Другиот ден само благо загрејте ја смесата, колку да може да се процеди.

neven

Добиената маст ставете ја во соодветен сад и секојдневно благо втријте на заболените места, повеќе пати дневно.

Напомена: Најдобар ефект ќе постигнете ако ги комбинирате маста од невен и мелемот од див костен.

Заболените места прво намачкајте ги со маст од невен, а по неколку минути (откако кожата ќе ја впие маста) нанесете и мелем од див костен.