Излекувајте ги воспалените синуси со боровинки

За време на есенските и зимските месеци воспалението на синуси може да биде навистина исцрпувачки. Боровниките ќе ви помогнат да го надминете овој проблем и значително да го подобрите дишењето.

Лековитото својство на боровинките им било познато уште на нашите прабаби кои ги користеле за различни цели. Тие на различни начини со боровинки успешно лекувале инфекции на уринарниот тракт, зголемен холестерол, запек, но и дијареа, пореметувања на видот и воспаление на синусите.

Имено, инхалацијата на синусите со боровинки успешно ќе ја активира циркулацијата, а со самото тоа и ширењето на крвните садови. Веќе со првата инхалација ќе ги почувствувате резултатите, бидејќи дишењето ќе стане полесно, а со самото тоа и вашите воспалени синуси ќе функционираат подобро. По третата инхалација полесно ќе го вдишувате воздухот, нормално ќе дишете, а полека ќе ви се врати и сетилото за мирис.

Начин на подготовка:

Во два литри зовриена вода ставете една рака боровинки. Поклопете со капак и оставете да отстојат, но не повеќе од пет минути.

Наведнете се над садот со боровинките, а со крпа покријте се преку главата и обидете се што подолго да се инхалирате.

Доколку не можете да ја изржите топлината, малку оддалечете се од садот и затворете ги очите.

Додека сте со главата над садот, полека вдишувајте длабоко низ нос, колку што можете, а издишувајте преку уста.

За да ги почувствувате вистинските резултати, потребни се три инхалации со боровинки три вечери по ред, непосредно пред спиење.

По инхалацијата не е препорачливо да излегувате на ладен воздух или да престојувате во загушлива просторија.