Излекувана медицинската сестра која заболе од ебола во Далас

Медицинска сестра од Далас, која заболе од ебола, е излечена од смртоносниот вирус, соопштија денеска американски научници, пренесе МИА.

Нина Фам, која се заразила од ебола додека лекувала еден маж заболен од таа болест во болница во Далас, е подложена на терапија во Институтот Бетесда во Мериленд од 16 октомври и сега е излечена.

Светската здравствена организација(СЗО) соопшти претходно денеска дека стотина илјади дози експериментална вакцина против ебола треба да бидат подготвени за употреба во погодените западноафрикански земји до половината на 2015 година.