Излета „поло“ на патот кај Катланово, тројца повредени

Патничко возило од марката „поло“ од засега непознати причини излета од автопатот Скопје – Велес кај Катланово. Несреќата се случила утрово, околу 10 часот.

Повредени се возачот и двајцата сопатници, кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата се’ уште врши увид на местото на настанот.

Фото: Ѓорги Личоски, „Република“