Излета товарен воз од Солун, во прекин железничкиот сообраќај до Скопје

Товарен воз од Солун излета од шините но за среќа нема повредени да има повредени. Како што јавува Канал 5, причината за несреќата се пропаднатите шини поради обилниот дожд.

Среќа е што возот бил товарен а не патнички, бидејќи вагоните паднале еден врз друг и целосно се уништени. Возот пренесувал електронска опрема која од Солун требало да стигне за Скопје, а поради излетувањето, како што соопштуваат од грчката железница во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Солун и Скопје.

Кусо откако тргнал во 8.15 часот утрово на 30 километри од Солун кај местото Гефира (односно мост) според грчката телевизија МЕГА, откако поминала локомотивата и 5-те први вагони, останатите почнале да излетуваат од шината и половина километар да се превртуваат и да паѓаат еден врз друг.

Уништени се 29 од 34 – те товарни вагони. Двајцата машниовозачи пак, имале полесни повреди и заедно со останатите членови на екипажот на возот превентивно биле пренесени во болница.

Обилните врнежи во изминатите 3 дена, резултираа шините во областа каде што се случи железничката несреќа, да пропаднат во длабочина од 800 метри.

Неофицијално, патниците кои ја користат железничката линија во делот кој што е во прекин, ќе се пренесуваат со автобуси.

фото: Канал 5