Свет

Излезе новиот број на „Шарли Ебдо“

Излезе новиот број на „Шарли Ебдо“

Од денеска во продажба е новиот број на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, на чија насловна страница има куче со весникот во устата, кое го бркаат глутница други кучиња со ликовите на Никола Саркози, Марин Ле Пен, џихадисти, банкари, а во далечината по нив трча новинар на француската телевизија БФМ-ТВ, јави дописникот на МИА од Париз.

„Еве повторно тргна!“, стои на насловната страница, на изданието весникот кое излегува шест недели по првиот број што беше објавне по нападот врз редакцијата на „Шарли Ебдо“ и кој беше отпечатен во рекордни седум милиони примероци.

Редакцијата, во обновен состав, сака да покаже дека животот прдолжува.

Во весникот покрај неизбежните карикатури или сатирични цртежи, има и интервју со грчкиот министер за економија Јанис Варуфалис, статии за судењето на Доминик Строс Кан, репортажа од Салонот на земјоделството во Париз и информации за нападите во Копенхаген и за сквернавњето на еврејските гробишта во Алзас.

Новиот „Шарли Ебдо“ наместо вообичаените 50.000 примероци, е отпечатен во тираж од 2,5 милиони. До пред нападот магазинот имаше неколку илјади претплатници, а денес има 200.000.