„Излези да гласаш“: Гласањето до 12 часот во фер и демократска атмосфера

Коалицијата „Излези да гласаш“ која го следи изборниот процес со близу 5.000 акредитирани набљудувчи – волонтери (распоредени низ 69 општини низ државата) ја информира јавноста дека се отворени  сите гласачки места на кои Коалицијата „Излези да гласаш“  и има распоредено свои набљудувачи. 

Гласањето започна без проблеми, навремено во сите мониторирани избирачки места и истото се одвива регуларно без забележани нарушувања и воочени нерегуларности. До 12 часот гласањето на сите избирачки места се одвива во фер и демократска атмосфера.