Излези да гласаш: Нема нарушувања во изборниот процес

Според информациите кои континуирано ги добиваме од нашите набљудувачи, за текот на изборниот процес, сакаме да ве информираме дека до сега не се регистрирани нарушувања во однос на истиот, имено изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера, известуваат од граѓанското здружение „Излези да гласаш“.

Во изборна единица 1, (од вкупно 522 избирачки места, обработени се 477), или 91,38% и констатирана е излезоност од 21,68% односно (од вкупно 276,217 гласачи во обработените места, излегле 59,880).

Во изборна единица 2, (од вкупно 504 избирачки места, обработени се 433), или 85,91% и констатирана е излезеност од 18,66% односно (од вкупно 259,219 гласачи во обработените места, излегле 48,374).

Во изборна единица 3, (од вкупно 685 избирачки места, обработени се 632), или 92,26% и констатирана е излезоност од 28,08% односно (од вкупно 262,900 гласачи во обработените места, излегле 73,815).

Во изборна единица 4, (од вкупно 599 избирачки места, обработени се 568), односно 94,82% и констатирана е излезоност од 25,06% односно (од вкупно 269,751 гласачи во обработените места, излегле 67,607).

Во изборна единица 5, (од вкупно 645 избирачки места, обработени се 583), односно 90,39% и констатирана е излезоност од 21,91% односно (од вкупно 251,041 гласачи во обработените места, излегле 54,999).

Во изборна единица 6, (од вкупно 525 избирачки места, обработени се 328), односно 62,48% и констатирана е излезоност од 8,29% односно (од вкупно 197,579 гласачи во обработените места, излегле 16,373).

Од „Излези дa гласаш“  апелираaт до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас.

Во првиот круг од претседателските избори коалицијата на граѓанската асоцијација „Излези да гласаш“ на терен следи изборниот го процес со 5000 акредитирани волонтери распоредени низ 69 општини низ државата.