Излезноста на парламентарните избори до 17 часот е над 53 отсто

Одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезност на гласачите за вториот круг од претседателските избори, според податоците што ги соопшти потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи, има во Новаци – 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто.

Во однос на изборните единици и гласањето за предвремените парламентарни избори најголема е излезноста во ИЕ 4 – 60,82 отсто, во ИЕ 3 – 60,11, во ИЕ 1 – 54,32, во ИЕ 5 51, 24, во ИЕ 2 49,24 и во ИЕ 6 – 43,63 отсто.

Според избирачкиот список, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.