среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност на Република Македонија“.

Изложбата содржи богат картофилски материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, посветена токму на најважните збиднувања во изминатие години од независноста до денес.

muzej11

Последни вести

По повод 25 години од Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како независна и суверена држава, во сабота, со почеток во 12 часот во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена филателистичката изложба „Македонија и меѓународната заедница – 25 години независност на Република Македонија“.

Изложбата содржи богат картофилски материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, посветена токму на најважните збиднувања во изминатие години од независноста до денес. Збирката се состои од пригодни коверти, ФДЦ – коверти (прв ден на издавање), патувани и службени коверти, покани, разгледници и други материјали.

Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 22 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

Најчитани вести