Изложба на слики од Александар Филиповски во „Матица“

Изложба на слики од академскиот сликар Александар Филиповски ќе биде отворена во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, на 17- ти ноември, вторник, во 19:00 часот.

Изложбата ќе ја отвории за творештвото на авторото ќе говори писателот Ефтим Клетников.

Александар Филиповски спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари. Роден е во Никифорово, гостиварско во 1936 година. Учествувал на многу групни изложби, а организира дваесет и осум самостојни изложби во Скопје, Гостивар, Кочани, Куманово, Битола, Тетово, Велес, Штип, Гевгелија, Кавадрци и во Софија. На изложбите презентира цртежи, линорези, акварели, темпери и масло.

izlozba-matica-1

На изложбата ќе се претстави со 30 најнови дела.

Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов,Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети, Костадин Качеви скулпторите Илија Аџиевски и Боро Митрически.

За оваа прилика, „Матица македонска“ изработи специјален каталог во кое е презентирано најновото творештво на Александар Филиповски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.