Изложба на борбени средства и опрема на АРМ

Изложба на борбени средства и опрема на АРМ
Изложба на борбени средства и опрема на АРМ

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе биде организирана изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, објави МИА.

На изложбата граѓаните ќе можат да се дружат со припадниците на армијата и да ги разгледаат изложените материјално-технички средства, борбените возила, вооружувањето и транспортниот хеликоптер Ми-8/17 на АРМ.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија, а ќе ја посетат и министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Спортски игри по повод Ден на АРМ

Финалните спортски натпревари, на кои ќе учествуваат 250 припадници на армијата беа отворени денес. Игрите традиционално се организирани како дел од програмата за одбелеување на Ден на АРМ, 18. август.

Во досегашните натпреварувања кои се одржаа во сите гарнизони на АРМ низ државава учествуваа над 1.500 припадници.

Спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој придонесува за подобро извршување на армиските борбени задачи, истакна на отворањето на игрите заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини.

Спортските натпревари традиционално се одржуваат секоја година во рамки на одбележување Денот на АРМ. На најуспешната единица на свеченото постројување за Денот на Армијата, кое оваа година ќе биде на 17 август, ќе и се додели преоден пехар, а најуспешните екипи и спортисти ќе добијат пригодни награди.