Изложба на детски цртежи „Цртам за мојата мајка“

По повод 8-ми Март, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ утре со почеток во 10 часот, ќе биде реализирана традиционалната изложба на детски цртежи од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Изложбата ќе се одржи во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, а за децата од градинките ќе биде  организирана и пригодна програма.