Изложба на Кирчо Арсовски во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе биде отворена втората самостојна изложба на цртежи на Кирчо Арсовски, фронтменот на Т.Б. Трачери.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 300 цртежи на Кирчо Арсовски.

– Сите работи настанаа како последица од гледање филмови на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник, како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите, вели Арсовски.

Кирчо Арсовски пред сè е познат како фронтмен на групата Т.Б. Трачери (гитарист, вокалист и главен автор на текстовите и песните), бенд кој свири мешавина на панк, гаражен рок и рокабили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.