Изложба на Владиката Пимен во винскиот бар „Подрум“

„Балерините и нивната публика“  е насловот на изложбата што денеска во 21 часот ќе биде отворена во Винскиот Бар Подрум, а автор е Митрополитот Европски г. Пимен.

Тој е автор на цртежи работени на скеч гуру – мали формати.

Изложбата има исклучиво хуманитарен карактер, а приходите собрани од продажбата на цртежите, ќе бидат наменети за помош на Александар. За изложбата веќе има огромен интерес.