Во галеријата Чифте Амам во Стара турска чаршија во Скопје, денеска свечено ќе биде отворено третото издание на изложбата „Османлиски Културни Белези во Македонија“ која со претходните две изданија во 2014 и 2015 година беше проследена со огромен интерес од љубителите на уметноста.
На изложбата ќе се прикажат музејски предмети- експонати, фотографии и документи од разни градови на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 13.03.2016.