Македонија

Изложба по повод 25 години независност на Република Македонија

Изложба по повод 25 години независност на Република Македонија

Дваесет и пет години независна Македонија“ е насловот на изложбата што денеска ќе ја промовира Државниот архив на Република Македонија по повод 25-годишнината од независноста.

Изложбата ја сочинуваат 25 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години и го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност итн.

Изложбата ќе биде поставена на плоштадот Македонија до 20 часот, а потоа е предвидено да патува низ плоштадите на град Скопје и општините во Република Македонија.

Покрај банерите, минувачите ќе можат да ги разгледаат изданијата на Архивот и да купат книги и примероци од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот.

Средствата од продажбата ќе се донираат за лицата што претрпеа штети од поплавата на 6 август годинава.