Изложба на слики од Тони Шулајковски во КИЦ

Изложба на слики од Тони Шулајковски во КИЦ
Изложба на слики од Тони Шулајковски во КИЦ

Во изложбениот салон „Империјал 2“, во Културно Информативниот Центар – Скопје, во четврток на 19.05 2016 година, во 20:00 часот,  ќе биде отворена 54-та самостојна изложба на слики од Тони Шулајковски со наслов „Предградие на свеста“.

Сликите се работени во периодот од 2012-2016 година. Ќе бидат изложени 30 дела, акрилик на платно.

Во предговорот на каталогот за изложбата, Виолета Калиќ, историчарка на уметноста ќе забележи: „Творештвото на Тони Шулајковски е една звучна полифона импресија во постојано превирање. Тоа е сегмент на една траекторија инсертирана во безвременоста низ која се движи балансирано низ некои недоосознаени сфери на една бинарна аналогија на микро и макро универзумот на свеста и потсвеста….  Амебоидните силуети во зародишот, постојано се преобликуваат зачнувајќи една нова животворна енергија која како никулец неочекувано пак поникнува, еден нов зачеток, еден нов живот, еден нов свет, за`ртува и зачнува една нова светлина, една нова сончевина која провева низ касетно фасетираните облици и визури и со сета скала на лелеави восклици го слави животот во еден нов блесок, како една нова светлина како химна или „Oда на радоста“….

Изложбата ќе биде отворена за љубителите на ликовната уметност до 31.05 2016 година.

„За вечноста зборувам“ - акрил на платно - 70см х 80см - 2016