Македонија

Изложба на УМС на ВМРО – ДПМНЕ по повод 71 година од ослободувањето на Скопје

Изложба на УМС на ВМРО – ДПМНЕ по повод 71 година од ослободувањето на Скопје

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 71 година од ослободувањето на Скопје организираше изложба на отворено со слики од градот пред земјотресот и градот денес.

Сликите се изложени пред Споен куќата на мајка Тереза, а сите заинтересирани љубители на Скопје сликите ќе можат да ги погледнат и утре.

Градот Скопје низ вековите неколку пати бил исправен пред предизвиците, но опстојал и денеска имаме еден модерен град, град со дух кој е рамо до рамо со светските метрополи. Мотивите кои се изложени тука на улица „ Македонија“ ни ги доловуваат моментите на живеење во пред земјотресот, градбите, улиците и се она што го сочинува но исто така ни ги доловуваат моментите како градот изгледа денес со сите свои убавини и знаменитости кој го правата, поубав, помодерен и современ европски град , истакна Марина Атанаскоска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека овие слики на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат ставени на аукција во периодот што следува и сите оние кои ќе ги купат сликите ќе имаат можност да донираат за некој на кој му е најпотребно.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижела за градот Скопје преку најразлични активности, од еколошки активности па се до грижата на културолошки вредности на нашиот град, истакна Атанаскоска.