Изложб на Новица Трајковски во домот на култура „Илинден“

Во домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, в недела во 12 часот ќе биде отворена изложба на реномираниот академски сликар Новица Трајковски.

Пред љубителите на уметноста Трајковски ќе се претстави со 40 свои дела, а изложбата ќе биде отворена еден месец.

Новица Трајковски е познат по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите на ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“. Во своето портфолио има над 40 самостојни изложби во Македонија и надвор од државата, а бил учесник и на голем број групни изложби и колонии.