Изложба „Експериментален цртеж, Линија, Трета димензија“

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во вторник (6 мај) во 20 часот при галерискиот простор во Домот на Армијата ќе се отвори заедничката изложба насловена „Експериментален цртеж, Линија, Трета димензија“ на академските уметници Маја Танева и Горан Менков.

Станува збор за дела работени на тема „експериментален цртеж“ за која минатата година делеа заедничка награда која беше доделена од Уметничкиот Совет на ДЛУМ. Делата се комбинација од повеќе медиуми кои се предмет на истражување на двајцата автори, каде што експериментираат со синтетички материјали.