Изложба „Музејот пријател на децата“ во Музејот на македонската борба

Завршната изложба на проектот „Музејот – пријател на децата“ ќе биде поставена утре, со почеток во 12 часот во големата конференциска сала во Музејот на македонската борба.

На изложбата ќе бидат претставени најуспешните дела од проектот во категории ликовни и литературни творби, наградени и пофалени творби и творби за изложување. Модератори на завршната свеченост ќе бидат ученици од драмската секција на ООУ Вера Циривири – Трена од Скопје. Проектот кој почна со реализација во септември мината година опфати двесте ученици од повеќе училишта од државата и е дел од Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Република Македонија.

Учениците преку едукативни и креативни работилници се запознаа со своето минато претставено низ постојаната поставка на Музејот на македонската борба.