По повод 45-годишнината од творештвото на академскиот сликар Славко Упевче, вечерва во Куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата „Исчезнатиот Охрид“.
Изложбата е во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“, а ќе ја отвори академик Васко Ташковски.
Уметничките дела на Славко Упевче во „Куќата на Уранија“ ќе бидат изложени до 25 јули.