Македонија

Изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ

Изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ

Во рамките на програмата за одбележување на 18 Аавгуст – Денот на АРМ, утре 16-ти август 2013 година (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 09 до 17 часот, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.

Изложбата утре во 11.00 часот на воениот стадион ќе ја посетат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Тактичко-техничкиот збор ќе можат да го посетат граѓаните  и да се дружат со припадниците на АРМ, а покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.