Изложба на детски скулптури од отпад

Во  Кинотека на Македонија денеска ќе се одржи изложба на скулптури од отпад, кои се изработени од ученици од повеќе скопски основни училишта.

Организатор на настанот е „Еуро Екопак ДОО Скопје“,  во соработка со Детскиот ликовен центар -Скопје каде што во членуваат деца на возраст од четири до 18 години. Се работи за традиционална манифестација која годинава се одржува под мотото:  „Творам, креирам, рециклирам“.