Македонија

Изложба на керамичари во Прилеп

Изложба на керамичари во Прилеп

Изложба на дела од Ресенската керамичка колонија, утре во 19 часот ќе биде поставена во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Посетителите ќе можат да уживаат во повеќе творби од керамичари од целиот свет.

Ресенската керамичка колонија е формирана во 1973 година. Во овој период од 40 години, на меѓународните сесии во ателјето на Колонијата во Отешево се создадени повеќе од 1.000 уметнички дела во глина, од 238 автори, од 24 земји од целиот свет (САД, Нов Зеланд, Холандски Антили, Јужна Кореа, Данска, Швајцарија, Турција, Франција итн.) Дел од нив, околу 400, се изложени во Галеријата на современа керамика, во зградата Сарај во Ресен.