Изложба на македонски уметници во Бугарија

Во галеријата на Друштвото на уметниците на градот Русе, Република Бугарија синоќа беше отворена изложбата Конекција – 2, на која беа претставени над 70 творби, на девет македонски ликовни уметници.

Изложбата ќе биде отворена до 18 март, а претставени се дела на уметниците Марјан Ѕин, Иво Пецов, Слободан Милошески, Јорданчо Ристовски, Адриана Јованоска, Иван Стоимено, Зоран Мише, Горан Тричковски и Павел Целкоски.

За уметниците и нивните дела зборуваа директорот на Македонскиот културен Центар во Софија Васко Шутаров, заменик градоначалникот на Општина Русе Иван Григоров, поетот и сликар Роман Кисјов и претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Русе, Горги Пасев.

Иницијатор на изложбата е Културно – информативниот Центар на Република Македонија во Софија, а поддржана од Министерство за култура. Покани за претставување има и од градовите Ловеч, Харманли и Пловдив.