Магазин

Изложба на макети во Дом на АРМ

Изложба на макети во Дом на АРМ

Изложба на макети и диорами ќе биде отворена во Домот на АРМ утре во 20 часот. Изложбата ќе трае до 7 март кога ќе има свечено доделување на дипломи и признанија.

На изложбата ќе може да се видат макети и диорами на членовите на Макетарскиот клуб Скопје и од странски гости, а ќе има информации и околу самите макети, начинот на изработка и сл. Макетарскиот клуб Скопје е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура.

На изложбата ќе учествуваат и Томислав Краљ, макетар од Хрватска, бродомоделарскиот клуб „Панон“ од Панчево, Србија, членови на макетарскиот клуб од Софија, Бугарија. Клубот како свои гости ги покани да учествуваат и Димитар Делев (фигури Warhammer 40k) и Симон Калајџиев (gundam модели).

Изложбата ќе ја отвори командантот на военото воздухопловство, полковникот Кире Колевски.

Влезот е слободен.

Пластичното макетарство е хоби кое се појавило во 30-тите години на 20-от век, а со текот на годините се развиле повеќе различни дисциплини, но најзастапени се изработката на воени или цивилни воздухоплови. Ова е хоби кое е многу развиено на глобално ниво, но во Македонија, за жал, се уште е на почеток. Суштината на хобито лежи во изработка на воени воздухоплови, оклопи, фигури, пловила и сл. од даден конфликт и период, со осврт на историска и фактичка прецизност и точност.

izlozna1