Изложба на Момчило Аврамовски во Куманово

Изложба на најнови графички остварувања на академскиот уметник Момчило Аврамовски ќе биде отворена во четврток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Се работи за триесеттина графики работени во техниката линорез и комбинирана техника, насловени како „Чудесен свет“.
Момчило Аврамовски припаѓа на постарата генерација на македонските академски уметници, коишто сé уште се активни, со потврден творечки континуитет.

Изложбата ќе биде поставена до 9 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.