Изложба на најдоброто од Македонија

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 18 септември (четврток) во 12часот ќе биде отворена заедничка изложба на седумнаесет истакнати македонски сликари од сите генерации. Со свои дела се претставуваат Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Симон Шемов, Ниче Василев, Паскал Гилевски, Новица Трајковски, Стефан Хаџи-Николов, Димитар Малиданов, Драги Хаџи-Николов, Доне Миљаноски, Методија Николовски, Боро Митриќески и Илија Аџиевски. Изложбата ќе ја отвори Раде Силјан.

Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.